Левица дојде на половина од рејтингот на ДПМНЕ и Мицковски, овој се налути од резултатите на анкетата

Loading...

Левица дојде на половина од рејтингот на ДПМНЕ и Мицковски според анкетата на Стратум. Ова го налути Мицковски и имаше жестока реакција. Како и да е, факт е дека Левица јако го нагризува гласачкото тело на Мицковски.

Во одредување на профилот на испитаниците, на прашањето дали се симпатизери на некоја политичка партија, 26,2 % одговориле дека се симпатизери на СДСМ, а потоа следуваат: не сум на ниедна партија 24,7%, ВМРО-ДПМНЕ 24,1%, Независни 12% и Левица 11,7%.

На прашањето дали сте член на некоја политичка партија дури 49,5% одговориле дека не се членови на ниту една политичка партија, а 19,9 % одговориле дека се членови на СДСМ, 18,7% дека се членови на ВМРО-ДПМНЕ, 5,7% друга, 5,4% дека се членови на Левица, 0,6% дека се членови на Алијанса на Албанците и 0,6% дека се членови на ДУИ.

Истовремено може да се забележи дека мал број од испитаните одговориле дека се членови на Левица, а сепак поддршката е сразмерно поголема. Тоа индицира дека членство на друга партија ќе гласа за нив, и исто така дека ќе имаат гласови од граѓаните кои се во средина на кои им е доста од двете големи партии.

Анкета на Стратум: за листите на СДСМ ќе гласаат 24.9%, а за ВМРО-ДПМНЕ 22.8%

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...