ЛЕВИЦА: РОМАНСАТА ДПМНЕ И СТЕНТОН ГРАДБА ПРОДОЛЖУВА

Како фирмата наплатила над милион евра општински пари за осум месеци?

Левица реагира дека речиси сите поголеми градежни зафати во Битола ги добива фирмата „Стентон“ која за само осум месеци од општината која ја води градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски наплатила неверојатни 1,19 милиони евра.
ЛЕВИЦА: РОМАНСАТА ДПМНЕ И СТЕНТОН ГРАДБА ПРОДОЛЖУВА

Од касата на Општина Битола во период од 03.12.2021 до 14.07.2022, „СТЕНТОН ГРАДБА ДОО с.Долно Оризари, Битола“ има наплатено вртоглави 72,620,609 денари односно 1,190,501 евра.

ДПМНЕ во текот на кампањата заедно со Градоначалникот Коњановски секојдневно објавуваа како “Стентон Градба“ е фирмата зад која се крие нивниот опонент Кондовски.

Денес гледаме како истата таа фирма си присвои 1,190,501 евра граѓански пари на битолчани.

Речиси секој поголем зафат во општината го наплаќа истата фирма, само во 2022 година оваа фирма учествувала во неколку изградби и реконструкции на улици и тоа:

-Реконструкција на канал во АРМ,

-Изградба на улици, патишта и автопати – дел од ул.„Крушевска Република“,

-Реконструкција/Рехабилитација на улици, патишта и автопати Ул.Македонска Фаланга,

-Реконструкција на капацитети во енергетиката-ул.„Булевар 1-ви Мај“ –десна страна,

-Реконструкција на локален пат за с.Брусник,

-Реконструкција на коловоз на ул.„7-ми Јули“,

-Санација на тротоари и улици со бехатон,

-Девијација на коловозот на мостот на р.Драгор на ул.„Довлеџик“.

Иако изминатите денови ДПМНЕ имаше негативен став за оваа фирма и посочуваше како само една фирма се јавувала на тендерот за одронот на патот Миладиновци-Штип вистината е таа, шемата која Талески ја разработи Коњановски ја усовршува, континуитетот на „Стентон Градба“ не престанува!

Секако нивниот коалиционен партнер кој се бори за поинаква Битола не сака да го расипи овој континуитет па затоа мудро молчи за ваквиот одлив на средства од општинската каса.

Кога станува збор за пари „Поинаку“ секогаш премолчува и нема никаква реакција додека нивниот коалиционен партнер ДПМНЕ го топи салдото од буџетот на Општина Битола.

Претседателката во повеќе наврати ја видовме како ја извршува агендата на Коњановски додека реални проекти и иницијативи од вистинско значење за градот и битолчани не ги става на Дневен ред.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.