Ледена торта со овошје: Заменете го ананасот, бананите и јагодите со сезонско овошје по желба

Loading...

Оваа овошна торта е одлична за секој ден, а сигурни сме дека и вашите најблиски ќе бидат изненадени од вкусот. Ако немате ананас, банани и јагоди, слободно можете да ги замените со овошје по желба.
Заменете го ананасот, бананите и јагодите со сезонско овошје по желба


Потребни состојки:
1 кг шлаг
1 л кисела вода
300 г јагоди
300 г ананас
300 г банани
Начин на подготовка:
Изматете го шлагот со киселата вода и поделете ја смесата на три дела. Исечкајте го овошјето.
Во првиот дел додајте јагоди, во вториот ананас, а во третиот додајте ги бананите.
Израмнете ја секоја смеса рамномерно и ставете во замрзнувач 2 часа или преку ноќ во фрижидер.
Следниот ден свртете ја на послужавник и исечете како торта. Идеално е за топлите денови, а изборот на овошје може да биде различен.

loading...