Леден десерт за секој дел од денот

Loading...

Ако барате брз и вкусен леден десерт, има многу десерти кои можат да се направат со малку состојки. Таков е и овој леден рецепт со кафе!
Најдобриот дел од овој рецепт е што е многу лесен за подготовка, а потребни ви се само 10 минути. Погледнете го рецептот во продолжение.
Потребни состојки:
250 милилитри топло кафе (инстант или еспресо)
40 милилитри топло чоколадо


Шлаг
Прелив од чоколадо
Сладолед
Начин на подготовка:
Во една чаша или сад измешајте ги топлото кафе и топлото чоколадо. Во друга чаша ставете сладолед колку што сакате, а потоа истурете ја топлата мешавина од кафе и чоколадо.
Украсете со шлаг и прелив од чоколадо.

loading...