Леден колач од јагоди: Неодолив десерт кој потекнува од Италија

Времето на јагодите секогаш го користиме за најслатки десерти, а денес ви пренесуваме рецепт за колач кој се подготвува за многу кратко време.
Потребни состојки:

  • 300 мл. засладена слатка павлака
  • 800 гр. јагоди
  • 150 гр. сечкани јагоди
  • 300 гр. бисквити
  • шеќер во прав
    Начин на подготовка:
    Изматете ја слатката павлака, а потоа изблендирајте ги јагодите и додајте ги. Добро промешајте, па додајте ги и сечканите јагоди.
    Обложете сад со проѕирна фолија и ставете ги бисквитите на дното. Истурете ја смесата со јагоди, па одозгора додајте уште еден ред бисквити. Покријте со фолија и оставете во замрзнувач околу 4 часа. Посипете со шеќер во прав.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.