Лепа Брена го ожени синот!

Loading...

Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ денес го кажаа судбоносното „да“ во црквата Св. Василиј Отрошки. На церемонијата на венчавката во црквата присуствуваа околу стотина гости, а кумови беа кошаркарот Милош Теодосиќ и пејачот Ацо Пејовиќ.
Таткото на младоженецот, Боба Живоиновиќ, беше задолжен за целата организација на свадбата, а мајката, балканската ѕвезда Лепа Брена изгледаше совршено.


И додека на овој долгоочекуван ден, заврна дожд, на тоа Лепа Брена изјави:


„Навистина не сум суеверна, а овој дожд е таман за малку да ја излади атмосферата”, додавајќи дека „Боба организира сè толку добро што навистина мислам дека ништо не може да тргне наопаку”.


На прашањето кој ќе го има главниот збор во бракот, Брена одговори со смеа:
„Нема веќе правила, машко-женско, сега сите се еднакви”
Таа исто така откри дека пеела на многу туѓи свадби, па секако дека ќе пее и на оваа на својот син.

loading...