Лепа Брена: Имаше и денови кога немав што да јадам

Loading...

Лепа Брена е една од ретките пејачки која не се срами од своето минато и не крие дека во младоста и било многу тешко. Таа за српската телевизија изјави дека постоеле денови кога буквално била гладна, бидејќи немала пари за храна.

„Немав воопшто пари. Повеќе бев гладна, отколку сита. Се возев со автобуси, а немав пари за студентска картичка. Понекогаш дури и се шверцував.                             За среќа никогаш не ме фатија. Тогаш работеше само татко ми, па пола од неговата плата беше за нив, а пола за мене. Беа гладни и тие, а и јас“ , вели Брена
Денес таа е една од најпознатите пејачки на Балканот , како и еден од основачите на Гранд продукција и тв Пинк. Лепа Брена е една од ретките пејачки која не се срами од своето минато и не крие дека во младоста и било многу тешко.

loading...