Лесна задача за Баерн, Новески со Мајнц гостува во Дизелдорф

Loading...

Фудбалерите на Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах ќе го одиграат првиот натпревар од 24.коло во германската Бундеслига.

Ова ќе биде дуел на двата тима кои не можат да се пофалат со добрата форма, во пролетниот дел од првенството.Ајнтрахт, иако и понатаму котира добро на табелата, нема победа на последните три натпревари, додека екипата од Менхенгладбах е без победа на последните четири средби, со што значително си ги намали шансите за пласман во европските купови, во следната сезона. Македонскиот репрезентативец, Николче Новески, по несреќната елиминација од националниот Куп, во ова коло ќе гостува кај Фортуна Дизелдорф, екипа која се бори за опстанок во лигата. Лидерот и многу веројатно новиот првак Баерн не би требало да има проблеми кај Хофенхајм. Многу потешки задачи ќе имаат екипите кои бркаат место во Лигата на шампиони – Борусија во Дортмунд ќе го пречека Хановер, додека Баер Леверкузен ќе му биде домаќин на Штутгарт. Бундес лига 24.коло, двојки:Петок, 1.март:Ајнтрахт Франкфурт-Борусија МенхенгладбахСабота, 2.март:Борусија Дортмунд-ХановерНинберг-ФрајбургВердер-АугзбургХамбургер-Гројтер ФиртВолфсбург-ШалкеНедела, 3.мартХофенхајм-Баерн МинхенФортуна Дизелдорф-МајнцТабела: Баерн 60, Дортмунд 43, Баер Л. 42, Ајнтрахт 38, Фрајбург 35, Хамбургер 34..
Макфакс
Фудбалерите на Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах ќе го одиграат првиот натпревар од 24.коло во

loading...