Лесно до блескав сјај: Исчистете го стаклото на туш кабината без хемикалии

Loading...

Чистењето на бањата понекогаш е навистина кошмар, особено ако имате стакло на туш кабината
Сите сакаме туш кабината да биде сјајна. Сепак, многумина од нас не знаат како да го постигнат овој ефект затоа што има постојани дамки од бигор, маснотии или средства за чистење.
Една Тик-Токерка покажа многу едноставен трик, со чија помош стаклото во бањата секогаш ќе свети и ќе биде чисто.
Многу е едноставно.
Измешајте една чаша бел оцет со половина чаша течност за миење садови и една чаша вода.
Ставете го сето тоа во шише со прскалка и попрскајте на стаклото.
Производот е толку силен што ќе ги исчисти сите нечистотии и дамки од стаклото.
Откако ќе го исчистите, испрскајте го со млаз вода и ќе биде брилијантно чисто.

loading...
Loading...