Лесно и брзо: Солена штрудла со моцарела и шунка

Потребни состојки:
-2 шолји млеко
-1 лажица шеќер
-5 лажици брашно
-половина шолја масло
-1 пакување сув квасец
-1 лажица сол
Фил за полнење:
-500 г шунка исечена на парчиња
-300 моцарела
-малку оригано
Дополнително за штрудлата:
-1 жолчка за премачкување
-сусам за посипување
Начин на подготовка:
Во загреано млеко ставете го квасецот и лажичка шеќер да нарасне. Кога квасецот ќе порасне додадете масло, сол и брашно и замесете тесто.
Оставете тестото малку да одмори, а потоа поделете го на три топки. Од секоја исукајте кора, наполнете ја со шунка и рендана моцарела, ставете и малку оригано. Тестото замотајте го како штрудла, премачкајте со жолчка и посипете сусам.
Ставете ги штрудлите да се печат на 200 степени, додека не поруменат.

Пронајдете не на следниве мрежи: