Летен десерт со чиа и цреши

1 канче кисело млеко
3 лажици чиа семе
3 лажици мед
400 г цреши
Се меша киселото млеко со чиа семето и се остава 1-2 часа во фрижидер за семето да набабри. Потоа му се додава мед и се меша.
На црешите им се вадат семките, ситно се сечкаат и се ставаат на дно на чаша. Врз нив се нанесува од смесата со кисело млеко, па повторно цреши. Истата постапка се повторува во неколку чаши додека има смеса и цреши.