Летна диета со краставица – може да намалите 5 килограми за 10 дена

Loading...

Во комбинација со физичка активност, можете да намалите и до 5 килограми за само 10 дена.
Основата на диетата е салата од краставица, која може да се јаде секојпат кога ќе почувствувате глад.
Останатите намирници што можете да ги консумирате во текот на денот (но не да ги мешате сите одеднаш, туку да одберете едно) се:
2 варени јајца
150 g туна
150 g месо на скара
2 големи компири, приготвени како било само не пржени
3 парчиња интегрален леб
Секој ден можете да консумирате и 500 грама свежо овошје.
Од течности, можете да пиете вода, но и чај и кафе, само без шеќер. Овие 10 дена забранети се газираните пијалаци, алкохолот и благото.


Како што напоменавме, секогаш кога сте гладни можете да јадете салата од краставица, а можете да направите и шејк.
За една салата ќе ви требаат околу:
400 грама краставица
2 dl кисело млеко или јогурт
кромид, по желба
За да направите шејк од краставица, во блендер измешајте една краставица со лушпа, една рака спанаќ и малку свеж ѓумбир.
Најдобро е да го испиете шејкот веднаш откако ќе го направите.

loading...