Летна Капри торта

1 пакување кори пандишпан
1 1/2 литар сок од јагоди
10 лажици шеќер
5 пудинга од јагода
500 г маргарин
250 г шеќер во прав
200 г чоколадо за готвење
500 мл слатка павлака
Од сокот 1,2 литра ставаме да зоврие заедно со шеќерот. Со преостанатите 300 мл го размешуваме пудингот, го додаваме во тенџерето на оган и мешаме додека се згусне. Го тргаме тенџерето од оган и оставаме пудингот да се излади. Издениот пудинг го соединуваме со претходно изматениот маргарин со шеќер во прав.
Го растопуваме чоколадото и ги премачкуваме корите. Филуваме кора, крем, изматена слатка павлака, кора и така додека ги потрошиме состојките.