Летна торта со овошен јогурт

Loading...

1 пакување готови кори за торта ( тркалезни )
Фил
500 мл слатка павлака
500 мл овошен јогурт од шумско овошје
Изматете ја слатката павлака, додадете го овошниот јогурт и матете со миксерот да се изедначи смесата и поделете ја на 3 еднакви делови.
Ставете ја првата кора нанесете го филот рамномерно, потоа ставете ја втората кора па филот и на крај ставете ја третата кора па филот и премачкајте ја тортата од сите страни. Ставете ја во фрижидер да се стегне околу 2 часа.

loading...