Летно задоволство: Туна со авокадо и лимета

Loading...

Рецептот за туна со авокадо и лимета е исклучително здрав и одличен предлог за лесен ручек. Ова јадење е богато со зачини, а со самото тоа, богато е и со вкусови, но и витамини.
Состојки (за 1 лице):
– Парче излупен и изрендан ѓумбир
– 2 лажици исецкан магдонос
– Половина лимета
– Бибер
– Кујнска или морска сол
– 1 излупено и исчистено авокадо, исецкано на парчиња
– Масло за готвење
– 85 грама свежа туна


Подготовка:
Во мал сад ставете го ѓумбирот. Додадете го магдоносот и сокот од лимета. Убаво промешајте, посолете и ставете бибер. Во смесата додадете го авокадото и малку масло за готвење. Ставете тава на шпорет, вклучете на највисока температура и испржете ја туната убаво, од двете страни, односно по две минути на секоја. Ќе знаете дека е готова, кога маслото ќе ја смени бојата. Туната преместете ја во сад и на неа ставете ја салатата од авокадо!
Уживајте!

loading...
Loading...