Лејди Гага го оперираше колкот

Loading...

Лејди Гага објави во четвртокот дека го оперирала повредениот колк поради кој мината седмица мораше да ги откаже продолжувањето на концертната турнеја.

 
Поп пејачката им се заблагодари на обожавателите на нивната интернет страница littlemonsters.com велејќи дека за операцијата била „само мала пречка на патот”.
„Кога ме водеа на операцијата, размислував за вашата болка и истрајноста, вашите семејни ситуации, училишни и здравствени прашања, бездомниците, прашањата на идентитетот”, напиша Лејди Гага која отсекогаш покажуваше интерес за личните проблеми своите обожаватели.
Засега не е познато кога Гага ќе се врати на концертните настапи, а менаџерот на нејзината турнеја изјави минатата седмица ќе мора „строго да мирува”.
Лејди Гага беше на турнеја две години во текот на кои одржа концерти на сите шест континенти.
Откажани се 20 концерти од завршниот дел од нејзината светска турнеја којашто започна во април 2012 година. Досега одржа 80 концерти низ целиот свет, заработувајќи од нив 160 милиони американски долари само од продажба на влезниците.
Лејди Гага, 26-годишната Стефани Германота како што е нејзиното родено име, првично откажа само четири концерти, во Чикаго, Детроит и Хамилтон поради синовитис, воспаление на зглобната обвивка. Меѓутоа, по неколку дополнителни лекарски прегледи откажан е и остатокот од турнејата поради проблемите со колкот.
Makфакс
Лејди Гага објави во четвртокот дека го оперирала повредениот колк поради кој мината седмица мораше да ги откаже продолжува

loading...