Либија сака сама да им суди на функционерите од режимот на Гадафи

Loading...

Либија во вторникот упатила жалба на наредбата на Меѓународниот суд во Хаг (ICC) во Хаг да го предаде Абдулах ал-Сенуси, поранешниот шеф на разузнавачките служби во периодот на власта на поранешниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, тврдејќи дека е способна самата да им суди на поранешните функционери на тој режим.Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства тврди дека Либија мора да го предаде Абдулах ал-Сенуси поради неговата наводна одмазда кон демонстрантите кои со бунтот во 2011 година го урнаа режимот на Моамер ел-Гадафи.Либискиот адвокат Ахмед ал-Џехани, лицето за врска меѓу владата и Трибуналот, тврди дека Триполи нема да се откаже од своето право да му суди на Сенуси.„Денес (вторникот –з.р.) ја довршивме жалбата за Меѓународниот кривичен суд по налогот да го предадеме Сенуси. Либија во жалбената постапка настојува да докажува дека сака да биде дел од меѓународната заедница. На старата Либија за тоа не би ѝ било грижа“, изјави ал-Џехани.Сенуси побара да му суди Меѓународниот кривичен суд и засега не стапил во контакт со својот британски адвокат Бен Емерсон.
МакфаксЛибија во вторникот упатила жалба на наредбата на Меѓународниот суд во Хаг (ICC) во Хаг да го предаде Абдулах ал

loading...