Лидер на партија во Италија пдонесе сотавка поради лажна диплома

Loading...

Лидерот на италијанската партија „Да го сопреме пропаѓањето“, Оскар Ѓанино поднесе оставка откако призна дека лажел за својата диплома и академско образование.Тој се повлече од лидерската функција во партијата само неколку денови пред парламентарните избори, наведувајќи дека нема академско образование како што тврдеше претходно во едно тв интервју и како што стоело во неговата биографија.„Трајно се повлекувам од функцијата. Штетата која ја нанесов говорејќи невистини не смее да влијае врз мојата партија“, објави Ѓанино на твитер.Партијата „Да го сопреме пропаѓањето“ е составена од интелектуални и новинари со либерално определување.Иако според анкетите има само 1,7 отсто поддршка, оваа партија може да му одземе гласови на Силвио Берлускони.
МакфаксЛидерот на италијанската партија „Да го сопреме пропаѓањето“, Оскар Ѓанино поднесе оставка откако пр

loading...