Лилјана Поповска не гласала за Уставните измени

Loading...

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, која ште е дел од владеачката коалиција, не гласала на комисијата за уставни прашања која што вчера реши Собранието на пленарна расправа да одлучува за измени во Уставот. Откако предходно таа и втората пратеничка на ДОМ, Маја Морачанин не гласаа за Законот за јазици, ова е втор сериозен удар на малата еколошка партија за владеачката коалиција.
Поповска во 2005 година како дел од владеачката коалиција на СДСМ се спротивстави на Законот за територијална поделба на земјата и влезе во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ, од која замина за време на Шарената револуција. Една од причините за ваквото однесување на Поповска може да биде и нејзиниот татко, академик Блаже Ристовски којшто пред еден месец се потпиша на писмото против промена на името и Преспанскиот договор.
Согласно Договорот со Грција голем број од делата на академик Ристевски ќе треба да бидат повлечени од учебниците и официјалната државна историографија.

loading...