Лион е подготвен да го продаде Пакета за 65 милиони евра плус бонуси

Лион е подготвен да го продаде Пакета за 65 милиони евра плус бонуси

Премиерлигашот Арсенал е заинтересиран за потписот на играчот на Лион, Лукас Пакета, објави новинарот Бен Џејкобс на Твитер.

Според Џејкобс, францускиот клуб е подготвен да го продаде 24-годишниот Бразилец за 65 милиони евра плус бонуси. Се забележува дека „Топџиите“ ја сметаат оваа сума превисока и затоа не даваат понуда.

Претходно претседателот на Лион, Жан Мишел Олас потврди дека играчот од средниот ред би можел да го напушти тимот во летниот преоден рок.

Пакета минатата сезона за Лион во сите натпреварувања постигна 11 гола и имаше седум асистенции на 43 натпревари.

Неговиот договор со францускиот клуб е до 30 јуни 2025 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.