Лисабон – град вооружан со шарм и гламур

Loading...

Често се зборува дека историјата на некој град е втисната на неговите фасади. Опишан како “Град на големите поморци истражувачи”, а го носи и името “Принцеза на Океаните”.
Не без причина, градот на седум ридови, Лисабон е еден од најубавите и најавтентичните главни градови во Европа – град со душа и музика.


Португалската престолнина со медитеранска клима и со 290 сончеви денови годишно има прекрасни улици со импресивни градби, типични керамички плочки и уште многу работи.
Неговата единствена и уникатна архитектура го прави составен дел од португалската култура и идентитет.


Градот во кој се чувствувате сигурно без разлика дали лутате низ улиците дење или ноќе, каде кујната е вистинска уметност и каде ќе пронајдете ресторани и хотели кои одговараат за сечиј вкус, буџет и потреби.
Откријте го Лисабон, град полн со автентичност каде старите обичаи и древна историја се мешаат со незаборавните забави и новите технолошки иновации.


Лисабон како да не старее, ова е град на љубезноста и непосредноста на кои ќе наидете доколку случајно се изгубите некаде. Покрај сè, Лисабон е познат по гостопримството на начин на кој е многу семеен и срдечен. Само поради ултра љубезното локално население ќе го научете и португалскиот јазик.


Инаку, Лисабон ја носи титулата за “најкул” град во Европа. Можеби ќе го засакате поради спомениците, идеалните услови за спорт или вкусната гастрономија. Едно е сигурно: цело време на овој свет нема да ви биде доволно за да уживате во сè она што овој град може да го понуди.
Лисабон е деветтиот најпосетен град во Европа после Рим, Истанбул, Барселона, Милано, Венеција, Мадрид, Фиренца и Атина.

loading...