Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека земјата од денеска нема да увезува струја од Русија, а во таа земја повеќе нема да има руски гас, нафта или струја.

Министерот за енергетика, Даjњус Крејвис, изјави дека ова е важна пресвртница не само на патот на Литванија кон енергетска независност, туку и израз на солидарност со Украина, пренесува литванскиот портал Делфи.
„Не можеме да дозволиме нашите пари да ја финансираат руската воена машина“, рече Креjвис, пренесува Срна.
Потребите за гас на Литванија се задоволуваат од терминалот за ЛНГ во Клајпеда, каде гасот доаѓа од САД, а кога станува збор за електрична енергија, Литванија ќе се потпира на производството и увозот од земјите на ЕУ преку Шведска, Латвија и Полска. На почетокот на април Литванија престана да увезува гас од Русија.