ЛИТВАНИЈА ЈА ПОДИГНА БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ: „Вилнус не може да чека, мора да се подготви“

ЛИТВАНИЈА денеска го подигна нивото на борбена готовност на своите единици за брза реакција за да спречи каква било можна провокација од руска страна, изјави литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас откако Москва најави делумна мобилизација.

ЛИТВАНИЈА ЈА ПОДИГНА БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ: „Вилнус не може да чека, мора да се подготви“

Бидејќи Русија ќе се мобилизира и во регионот Калининград, соседна Литванија, Вилнус не може само да чека, туку мора да се подготви, напиша Анусаускас на Фејсбук, пренесува Ројтерс.

Финска внимателно ја следи ситуацијата во соседна Русија по указот на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација, изјави денеска финскиот министер за одбрана Анти Кајконен.

Со оглед на околината, можам да кажам дека ситуацијата е стабилна и мирна, а нашите сили се добро подготвени, рече Кајконен, пренесе Ројтерс.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.