Ловечки компири

800 г компири
100 г чадена сланина
1 чешне лук
40 г путер
2 лажици брашно
300 мл млеко
100 мл кисела павлака
сечкан копар
сечкан магдонос
сол и мелен црн пипер
Компирите излупете ги, исечкајте ги на коцки и сварете ги.
Сланината исечкајте ја на ситни коцки и заедно со исечканиот лук запржете ги на путерот. Извадете ја од тавата и оставете ја на страна.
На преостанатата мрснотија кратко запржете го брашното и непрекинато мешајќи додадете го млекото. Откако Бешамел сосот ќе се згусне. Додадете ги павлаката, магдоносот и копарот. Посолете и зачинете со црн пипер. Парчињата компири измешајте ги со сосот и наросете ги со испржената сланина.
Loading...