Лозановска: Дојдоа да ги стерилизираат Македонците дома со директна алузија на Урсула фон дер Лајен

„Ќе ви прочитам еден твит – на денешен ден 1933 година, нацистите донеле закон за задолжителна стерилизација на лицата со наследни болести.
Денес, односно вчера, 2022 година, ни дојдоја дома, во парламентот, да нè стерилизираат нас Македонците“, кажа Лозановска во реплика.

Лозановска: дојдоа да ги стерилизираат Македонците дома со директна алузија на Урсула фон дер Лајен

Во парламентот дојде вчера шефицата на ЕК, значи алузијата може да биде само за неа, како кон нацистите… А се знае дека таа е родена во Брисел но од германски родители. Па веројатно на неа се мислеше како на нацист кој треба да не стерилизира??

Од СДСМ порачаа дека примитивизмот на ВМРО-ДПМНЕ ги минува сите можни граници и дека е „Скандалозно, шти за ВМРО ДПМНЕ Фон дер Лајен е нацист! Ова е скандалозно, срамно и за секаква осуда“.

И ДУИ реагираа на ова тврдење изнесено на говорницата. Побараа таа да се извини…

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.