Лосон ја нокаутира Оклахома

Loading...

Дванаесет натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу петокот и саботата, во нив пораз во последната секунда доживаа екипата на Оклахома.

Со поените на Тај Лосон на 0,2 секунди до крајот на натпреварот Денвер ја победи Оклахома со 105:103. Херојот на Нагетс мечот го заврши со 11 поени и седум скока, додека најефикасен играч на Денвер беше Вилсон Чендлер со 35 поени. Вообичаено Расел Вестбрук и Кевин Дурент ја предводеа Оклахома – Вестбрук имаше учинок од 38 поени, шест скока и пет асистенции, додека Дурент реализира 25 поени. Мајами против Мемфис ја забележа 13-та последовна победа иако Леброн Џејмс го одигра најлошиот шутерски натпревар сезонава. Џејмс мечот го заврши со 18 поени, 10 асистенции и осум скокови, а од поле погоди само четири од 14-те обиди. Најдобар играч на Мајами беше Двејн Вејд кој постигна 22 поени, вклучувајќи ја и клучната тројка во финишот на натпреварот. Резултати:Торонто-Индијана 81:93Вашингтон-Њујорк 88:96Орландо-Хјустон 110:118Бостон-Голден Стејт 94:86Кливленд-ЛА Клиперс 89:105Мајами-Мемфис 98:91Бруклин-Далас 90:98Њу Орлеанс-Детроит 100:95Сан Антонио-Сакраменто 130:102Јута-Шарлот 98:68Феникс-Атланта 92:87Денвер-Оклахома 105:103.
Макфакс
Дванаесет натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу петокот и саботата, во нив пор

loading...