Лоши вести за Гвардиола

Англиските медиуми пишуваат дека најновата одлука на Судот за спортска арбитража во Лозана ја одбил жалбата на англискиот шампион Манчестер сити и сега тие се соочуваат со потенцијално исфрлање од Лигата на шампиони (ЛШ).


„Граѓаните“ се под исграта поради тоа што го прекршиле Финансискиот фер-плеј, а случајот беше почнат по информациите кои излегоа во германските медиуми.
Одлуката на Судот за казната на „граѓаните“ се очекува на крајот на месецот, а првата жалба на Сити беше одбиена, па сега се во исчекување за тоа што ги очекува.
Дефинитивно најстрога казна би била исфрлање од елитното натпреварување за сезоната 2020/21, а би можеле да поминат и многу полесно, односно само со парична казна.

Loading...