Лош ракопис и уште 6 знаци дека вашето дете е можеби натпросечно интелигентно

Loading...

Дали вашето дете ги користи играчките на невообичаен начин и повеќе сака да се дружи со постари деца? Тогаш можеби си имате работа со мал генијалец.
Се претпоставува дека едно на секои 1.000 до 10.000 деца е надарено, односно има натпросечна интелигенција и може да се нарече генијалец.
Некогаш децата генијалци се однесуваат многу поразлично од нивните врсници, а ако родителите не знаат за што станува збор, можат да бидат и загрижени.
Кога станува збор за мало дете, вам може да ви биде тешко да одредите дали е натпросечно интелигентно, но постојат некои знаци кои го „издаваат“.
Не значи дека овие знаци секогаш се гаранција за висока интелигенција, но и нивниот недостаток не значи дека детето не e интелигентно. Но, бидејќи се забележани кај многу натпросечно интелигентни деца, добро би било да ги знаете.
За кои знаци станува збор?
За него се грижат и бабата и дедото
Бидејќи модерните родители неретко се многу зафатени, бабата и дедото имаат важна улога во развојот на децата.
Тие можат да им го посветат целото внимание на нивните внуци, можат да ги научат многу животни и социјални вештини и, според некои истражувања, можат да ги направат и попаметни.
Иако не е познато зошто точно се случува ова, истражување од 2011 година покажало дека кога бабата и дедото се вклучени во животот на детето, тоа постигнува подобри резултати на училиште, повеќе сака да учи и генерално се чувствува посреќно.


Се однесува претпазливо пред нови ситуации
Некогаш другите ја гледаат оваа претпазливост како срамежливост, но всушност може да биде знак за висока интелигенција на детето.
Наводно, кога се во непозната ситуација – на непознато место или со непознати луѓе – интелигентните деца тивко набљудуваат што се случува околу нив и се претпазливи додека не научат нешто повеќе за околностите.
Ги користат играчките на невообичаен начин
Кај интелигентните деца, љубопитноста и креативноста се многу поразвиени, па лесно можат да им досадат играчките што ги имаат. Поради ова, тие пробуваат да најдат нови начини да си играат со нив, кои некогаш изгледаат невообичаено.
Тие може да покажат заинтересираност и за разни работи низ домот кои воопшто не се играчки – да ги редат подметачите за чаши во разни форми, да истураат вода од чаша за да видат како тече…

Повеќе сакаат да си играат со постари деца
Некогаш на многу интелигентните дечиња може да им биде тешко да се социјализираат со нивните врсници, најмногу поради натпросечната интелигенција.
Поради ова, сосема возможно е и да се чувствуваат попријатно со постари деца кои донекаде се на исто интелектуално ниво со нив.
Си легнуваат доцна
Некои истражувања покажале дека на поинтелигентните деца им е потешко да заспијат навечер.
Некои родители, пак, забележале дека на нивното натпросечно интелигентно дете му треба помалку сон од вообичаено.
Една од можните причини за ова е постојаното размислување кај натпросечно интелигентните деца. Тие постојано си поставуваат прашања за сè, имаат многу идеи и некогаш им е тешко да ги смират мислите и да заспијат.
Сакаат книги за постари деца
Бидејќи интелектуално овие дечиња се на исто ниво како постари деца, нормално е да ги интересираат книги кои не се за нивна возраст.
Истовремено, кога станува збор за сликовници, многу повеќе ќе ги интересира текстот отколку илустрациите ако знаат да читаат.
Имаат лош ракопис
Неретко лошиот ракопис може да биде знак за натпросечна интелигенција. Се претпоставува дека причината за ова е тоа што мозокот на овие деца работи многу брзо, па сакајќи да стигнат да ја запишат секоја мисла, брзаат и пишуваат лошо.

loading...
Loading...