Лука сковал убав план за Наташа, а овие детали ќе ве шокираат!

Loading...

Лука Лазукиќ сака Наташа Беквалац на суд да ја прогласи за луда и да ги убеди сите дека таа него го нападнала.
Тој со сите сили се обидува да се испере од приказната дека на 14 април ја претепал во нејзиниот стан во Дедиње, па сега сковал план да докаже дека таа е психички нестабилна, и дека сама е виновна што имала гребаници по лицето и модрици по телото.
-Лука сака да ја уништи Наташа, па смислил да ја прогласи за луда, како би се испрал себе си и би го земал старателството врз ќерката Катја. Тој знае дека тоа пејачката најмногу би ја заболело, па удира ниско. Разработил цел план, па на суд ќе се брани дека Ната е психички нестабилна и дека таа него го нападнала. Сака да докаже дека таа не е способна да се грижи за себе, а камоли за бебето, дека е склона кон самоповредување и хистерични напади, кои можат врз детето да остават сериозни последици и трауми-вели добро информиран извор.


Лазукиќ сака да го искористи тоа што Наташа идела кај психијатар пред неколку години, бидејќи имала потреба да разговара со некого, кој не и е близок.
-Тој не бира средства како би ја повредил Ната и покажал како таа е непресметлива, немарна, лоша мајка. Дури оди толку далеку што на суд еден од аргументите зошто треба детето да му припадне на него, ќе му биде тоа што таа е пејачка. Него не го интресира детото, бидејќи за еден месец ниту се јавил ниту се заинтересирал за него, туку само сака да ја повреди Ната-тврди соговорникот.

loading...