Луксузен стан цел со стакло, затворен базен и чувар кој не пушта мува да прелета – еве каде е сместено момчето на Анастасија во Белград

Фудбалерот Немања Гудељ, момчето на младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ, моментално со семејството престојува во најлуксузниот дел во Белград.
Имено Гудељ поради роденденот на Анастасија и репрезентативните активности е во Србија, инаку живее и игра фудбал во Шпанија, Севиља.


Немања со братот Драги, сестрата Вања и мајката Оливера дошле во Белград каде ќе останат неколку дена, додека нивниот татко поради обврските останал во Шпанија.
Ова семејство во моментов одмара во луксузната населба „Белград на вода“, поточно во зградата која е целосно стаклена, а има и посебни услови за станарите.
Зградата се наоѓа веднаш до реката, а терасите се свртени со преубав поглед токму на целиот град и е идеално катче за одмор.
Во склоп на зградата има огромна гаража и затворен базен со лежалки кои го користат оние кои имаат свој или изнајмен стан токму тука.
Во зградата има и ресторан, а во ходникот има и чувар кој ги пречекува сите, па така станарите во оваа зграда не може да имаат „ненајавени“ и „случајни“ гости.
Засега не е познато дали станот е сопственост на семејството или е изнајмен.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.