Лутата храна е добра за метаболизмот, ама го зголемува ризикот од деменција

Loading...

Според стручното списание Nutrients, анализата на податоците кои се собирани 15 години од околу 4.500 лица постари од 55 години, укажува на забрзување на когнитивниот пад кај оние кои консумирале повеќе лута храна.

Кога станува збор за позитивното дејство на лутата храна врз здравјето на организмот, доволно е да се спомене истражувањето на кинеските научници од 2015.година во кое учествувале пола милион испитаници, а кое покажало дека лицата кои шест до седум пати неделно имаат на менито лута храна, имаат 14 отсто понизок ризик за смртност од било која причина во споредба со оние кои јадат лута храна еднаш неделно или поретко.


Но слични резултати се воочени и за смртност од конкретни болести, како рак, срцеви болести и болести на дишните патишта. Дел од позитивните резултати се препишуваат на чилито или на неговата биоактивна компонента капсаицин, кој има антимикробни, противвоспалителни, противтуморски и антиоксидативни својства.

loading...