Луѓето загадуваат, а паметен робот ќе им ги чисти плажите од отпушоци

Loading...

Овој робот можеби изгледа како роверот на Марс, но тој е уникатен бот за собирање отпушоци од цигари, дизајниран за чистење отпадоци на плажите.
Наречена BeachBot (BB), оваа симпатична мала машина со четири тркала е развиена од Едвин Бос и Мартин Лукарт од TechTics. Двајцата биле гневни кога виделе колкава количина на ѓубре (особено отпушоци од цигари) има на плажата Шевенинген во Холандија и сакале да дизајнираат робот што може да помогне во расчистувањето на нередот. Така настана BeachBot, роботот широк 2,5 метри, кој ќе се движи по плажите на тркала на надувување кои не создаваат никакви траги на песокот. Ботот напојуван од батерии има вештачка интелигенција која користи софтвер за откривање на слики за да ги идентификува отпушоците и потоа да ги земе со неговите раце-фаќалки. Собраното ѓубре потоа се чува во вградената корпа за ѓубре за да се фрли подоцна.

BB може да ги разликува отпадоците од другите работи што луѓето ги донеле со себе на плажа, како сандали и креми за сончање. BeachBot засега собира само отпушоци, бидејќи е програмиран да го прави тоа во соработка со апликацијата Microsoft Trove. Апликацијата има база на податоци со слики поднесени од одговорни граѓани ширум светот, со немарно фрлени отпушоци. Ова му помага на BB да ги разликува од другите работи и продолжува да учи со секој обид за подигање на отпушокот. Според Бос, „најинтересниот дел од нашиот концепт е дека имаме интеракција меѓу човекот и роботот, каде јавноста може да помогне роботите да бидат попаметни“. Тој објасни дека започнале со отпушоци од цигари, кои се предмети што најмногу се фрлаат немарно и загадуваат, но сакаат во иднина овие роботи да „откриваат и многу други отпадоци“.


„Филтрите на цигарите се полни со микропластика“, додава тој. „Лошо е што овие завршуваат во природата“.
Колку лошо? Кога водата ги допира отфрлените отпушоци од цигари, филтрите испуштаат повеќе од 30 хемикалии кои се многу токсични за водните организми и претставуваат „голем проблем со опасен отпад“, според студија во февруари, спроведена од американски владини научници. Некои од тие хемикалии исто така се поврзани со рак, астма, дебелина, аутизам и помал коефициент на интелигенција кај луѓето.


Има повеќе од 4,5 илјади милијарди фрлени отпушоци насекаде низ површината на планетата Земја, и ова е добра почетна точка за расчистување на нередот што го создадовме. Ова е само почеток на Херкуловските напори за расчистување на плажите. Којзнае, во иднина, рој такви роботи би можеле да ја исчистат нашата планета ако не се овестиме доволно рано.


Бос вели дека роботските решенија можеби не се крајно решение „за овој проблем, затоа што поголемиот проблем со немарно фрленото ѓубре е сепак однесувањето на луѓето“.

loading...
Loading...