Луѓето полудеа по овој специјалитет: Џејми Оливер откри рецепт од древен индијански народ за пржени лепчиња

Loading...

Пржени лепчиња, неверојатно лесни за подготовка, стана еден од најбараните рецепти, а леснотијата за подготовка и неверојатниот вкус го воодушеви и популарнит готвач Џејми Оливер.


Станува збор за т.н. Навахо леб, кој името го добил по истоимениот индијански народ кој што живеел северно од Мексико, а кој во традицијата го подготвувале токму овој специјалитет.
Џејми овој рецепт го опишува како мешавина на тортиљи и индиски наан леб, а вели дека може да се јаде и во блага и во солена варијанта.
Потребни состојки:
– 600 грама тврдо брашно
– 2 лажици прашок за печиво
– 6 лажици маслиново масло
– 1 лажица сол, зачини по желба.


Подготовка:
Измешајте го брашното, прашокот за печиво, солта и зачините (доколку ги користите). Во средината на смесата ставете го маслиновото масло и околу 150 милилитри млака вода. Помешајте и додавајте вода по потреба.
Тестото месете го од 5 до 10 минути, префрлете го во сад и ставете уште малку брашно, па оставете да отстои.
Тестото поделете го на 10 топчиња, намачкајте ги вашите раце со масло за јадење и раширете го тестото додека не добиете облик на подебела палачинка.
Пржете во загреано масло, кратко од двете страни додека не зарумени.
Пријатно јадење!

loading...