ЛУЃЕТО СЕ ДЕБЕЛИ И ДЕПРЕСИВНИ, А НЕ ЗНААТ ДЕКА ОВА Е ЛЕКОТ: Монахот од Острог ја откри тајната која ни е пред очи, а никој не ја гледа

Loading...

Отец Арсеније Јовановиќ од манастирот Острог, не е обичен монах, тој е разноврсна, мултидимензионална, харизматична личност, писател, успешен сликар, по професија стоматолог.
Тој е православен учител, ментор, проповедник, православен психолог, филозоф, кој на специфичен начин држи духовни проповеди, така што практично се исповедува пред присутниот аудиториум. А неговата исповед е толку моќна и поучна, бидејќи е лична и чесна.
Неодамна, во едно од своите интервјуа, тој се осврна на најраспространетата болест на современото општество – депресијата и ја откри причината зошто оваа пандемија не запира. Тајната е во една работа!
Брзината, која ја живееме и која ни е наметната води, како што вели, на психијатрија, кај дилери, во јавна куќа или во ресторани:
– Зошто луѓето на Запад се премногу дебели? Бидејќи нивната душа е бескрајно гладна, а телото им е сито. Тие јадат за да го утолат гладот, не физичкиот, туку духовниот, а тој не може да се утоли со „фаст фуд“ (брза храна).


Причината за таква состојба е, според отец Арсениј, недостаток на љубов.
– Нема љубов. Општеството ги оддалечува родителите од дома, преоптоварени се, немаат време за децата. Ние сме воспитувани без љубов. Затоа имаме епидемија на ментални болести. Од полесни, како анксиозност, страв и депресија, до најтешки состојби. Сето тоа потекнува од уништувањето на една жена која губи две од нејзините најмоќни оружја: женственост и грациозност. Губење на контакт со Бог и она што Бог и го дал, таа се натпреварува со мажот. Децата растат во оваа средина и кога мајката ќе ја изгуби таа женска црта, тогаш и девојките, нивните ќерки, стануваат уште полоши. Машките деца почнуваат да ги мразат мајките кои не ги воспитале да ги сакаат жените, а тоа создава атмосфера на насилство во кое мажите ги малтретираат жените и децата. Се губи секоја мерка, вели отец Арсеније.
Тој објаснува зошто копјата најчесто се кршат околу младите и зошто на глобално ниво постои обид за перфидната контрола на младите луѓе.
– На Правниот факултет во Подгорица се одржуваше редовна панел-дискусија која беше затворена по моето предавање на кое зборував за дрогата и рокеролот. Реков дека нашата младина е зомбирана, надрогирана. Тоа на некои не ми се допадна. Зошто? Бидејќи младите се најздравиот дел од општеството. Средовечниот човек е уценет со работа. Младината е ослободена и може да предизвика промени. Системот го знае ова и не сака да се чуе вистината. Се сеќавам на моето време. Лидерите на најголемите рок-бендови беа изманипулирани од системот. Тие мислеа дека се борците, некои бунтовници, всушност, системот преку нив ги контролираше младите. Децата доаѓаат на концертот, ќе се издуваат, изминтингуваат, и велат: „Колку ни е добро во овој мек комунизам”, и не се бунат. Потоа уште ќе им уфрлат и дрога и завршена работа.
Отец Арсеније вели дека во ова време нашата православна црква, односно свештеници, мора да биде подготвени да и дадат одговори на младината.


– Ние дури и не знаеме што е православие. Дури и многу од нашите свештеници не знаат со која моќ располага Православието. Ќе им дојде млад човек со проблеми, тие го испраќаат на психијатар. Тие не знаат дека молитвата е таа кој има моќ да исцелува. За ова и некои во Црквата не се свесни. Кога ќе дојде кај мене млад човек со проблеми, молитвата е врвна терапија. Ние имаме физиолошки и духовен имунитет. Духовниот имунитет не штити од демонски сили, како што физиолошкиот не заштитува од вирусите. Молитвата го исфрлува злоото и нè подготвува за врвна средба кога срцето ќе престане да ни чука, кога нашиот дух, душа и личност се подготвуваат за ново раѓање. Молитвата ја менува законитоста на времето и законот на физиката. Го успорува стареењето. Пустинаците живееја по 100-120 години. Молитвата е најдобар ботокс, објаснува отец Арсени, додавајќи дека на Црквата и е потреба поактивна мисионерска работа, но не за оние, кои се веќе во Црквата, туку кон оние, кои се надвор од неа.
Отец Арсеније објаснува како самите си правиме пекол.
– Самите создаваме пеколот. Бог не создаде пекол, ние го создаваме. Со автодеструктивен живот, лоши мисли и дела ја уништуваме душата, срцето, умот, кој соочувањето со божественото, нематеријалната светлина по смртта ја доживува како тортура и пеколот. Како што болниот се крие од сонце, така и на болната душа и пречи светлината на Божествената љубов со која се соочува по смртта на телото, вели отец Арсеније.

loading...