ЛШ: Баерн му гостува на Арсенал

Loading...

Во вторник и среда, во Лигата на шампиони, ќе бидат одиграни преостанатите четири натпревари од осмина финалето.

Сите четири средби, треба да понудат врвен и неизвесен фудбал, но очите на фудбалската јавност ќе бидат вперени на стадионите во Лондон и Милано. Таму своите први осмина финални соочувања ќе ги имаат европските гиганти Арсенал и Баерн Минхен, односно Милан и Барселона. Арсенал на „Емирејтс“, поради лошата форма и неубедливите игри оваа сезона, ќе има тешка задача против Баерн, екипа која игра со огромна доза на самодоверба и која се наоѓа одлична форма. Милан на домашен терен ќе ја пречека Барселона, екипа која според прогнозите е топ фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампиони. Вторник, 19.февруари:20:45 Арсенал-Баерн Минхен20:45 Порто-МалагаСреда, 20.февруари:20:45 Милан-Барселона20:45 Галатасарај-Шалке.
Макфакс
Во вторник и среда, во Лигата на шампиони, ќе бидат одиграни преостанатите четири натпревари о

loading...