ЛШ: Спектакл на „Сан Сиро“, Милан против Барса

Loading...

Натпреварите, Милан-Барселона, односно Галатасарај-Шалке во рамките на осмина финалето во Лигата на шампиони ќе се одиграат во среда навечер.Милан, во дербито, без Марио Балотели ќе се обиде да и се одмазди на Барселона за елиминациите од елитното натпреварување во 2005 година (полуфинале) и 2011 година (четвртфинале).Милан последен пат ја совладал Барселона во 2004 година со 1:0, стрелец бил Андриј Шевченко, инаку Барселона нема пораз на последните три гостувања во Милано, Каталонците имаат две победи е едно реми.Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, нема да може да смета на Балотели, кој во првата фаза во ЛШ настапуваше за Манчестер Сити, додека поради повреди ќе отсуствуваат играчите од редот за врска Антонио Ночерино и Матије Фламини.Милан се наоѓа во одлична серија од почетокот на годината, има само еден пораз во сите натпреварувања.„Ова ќе биде одличен натпревар на два големи клуба. Од една страна ќе биде најтрофејниот клуб на планетата, а од друга страна ќе биде најсилната екипа на светот. Свесни сме дека ќе мора да одиграме фантастично за да ја оствариме целта и да минеме во наредното коло“, рече предводникот на ’црвено црните’, Масимилијано Алегри.Барселона е фаворит во овој двомеч, а и традицијата е на страната на каталонците имаат шест победи во досегашните 15 соочувања со Милан, на „Сан Сиро“ имаат три победи во седумте одиграни натпревари.Заменикот на тренерот Тито Виланова, Жорди Роура за оваа средба неможе да смета само на Давид Виља, Чави и Иниеста се опоравија од повредите и конкурираат за место во тимот.„Милан оваа сезона изгледа поразлично во однос на претходните сезони. Да се дојде овде за да се одигра натпревар е неверојатно, прекрасен стадион, атмосфера, голем противник. Сигурно е дека нема да ни биде лесно, тие се одлична екипа и ќе се обидат да обезбедат добар резултат пред реваншот. Но и ние имаме свои шанси, ќе ја играме нашата игра и ќе се надевм дека ќе победиме“, изјавил в.д. тренерот на Барса, Роура.Галатасарaј и Шалке, во Истанбул, ќе го одиграат својот рпв натпревар, турскиот тим според моменталната форма, но и засилувањата е благ фаворит во однос на германскиот преставник.Галатасарaј многу инвестираше во преодниот рок, пристигнаа ѕвездите од светска класа Весли Снајдер и Дидие Дрогба, двајцата ќе бидат во стартниот тим против Шалке.Тренерот на Галата, поради повреди нема да може да смета на Јохан Елмандер и Томаш Ујфалуши. Во екипата на Шалке од исти причини ќе ги нема Ибрахим Афелај и Пападопулос, додека во екипата се враќа Клас Јан Хунтелар.Мечот особено е значаен за играчот на Галатасарај Хамит Алтинтоп, кој кариерата ја започна токму во екипата на Шалке.Осмина финалните мечеви во ЛШ, Милан-Барселона и Галатасарaј-Шалке ќе започнат во 20:45 часот.
МакфаксНатпреварите, Милан-Барселона, односно Галатасарај-Шалке во рамките на осмина финалето во Лигата на шампиони ќе

loading...