Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Познат е по волшебната природа, рајските песочни плажи и богатата културно-историска традиција.
Со причина го нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името, сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации,зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани го прават вашиот престој таму уште попријатен.
Најпознатите и најубави плажи на островот се Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма… кои со својата убавина никој нема да го остават рамнодушен.
Порто Кацики е најпопуларната и најубавата плажа во западниот дел на Лефкада. Таму ќе можете уживате во најсиното море, а на „Катизма“ се огромните бранови и највисоката плима што некогаш сте ја виделе. За многумина токму оваа е најубавата плажа во цела Грција.
Додека пак плажата „Егремни“ е позната по 350-те скали по кои лесно се симнувате, но тешко се искачувате нагоре. Малата, но речиси дива плажа „Милос“, исто така, остава без здив. Плажата во градот Василики е позната како плажа на винд-сурферите.
Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис.
Ова летувалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.
На Лефкада не смеете да ги пропуштите крстарење со брод. Така Така ќе имате прекрасна можност да ги прошетате околните островчиња Кефалонија, Итака, Скорпиос…
Постои стара легенда која вели дека од Скорпитос или познат како островот на Аристотел Оназис, мора да си земете камен за да бидете богати како него.
Шеталиштето во градот Лефкада е полно со најразлични рачни изработки, па што и да одберете, секогаш ќе ве потсетува на прекрасната Лефкада и ќе посакате повторно да отидете.
Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот