Мадона најмногу заработилa во 2012-та

Loading...

Американската поп ѕвезда Мадона најмногу заработила во музичката индустрија минатата 2012 година, а за тоа најмногу придонела нејзината светска турнеја MDNA, објави музичкиот магазин Billboard на својата интернет страница.Педесет и четиригодишната Мадона се најде на врвот од годинешнава листа на Billboard според заработката, вторпат во последните пет години. Оваа листа се прави според заработката од турнеите, албумите и другите проекти на изведувачите.Магазинот наведува дека само на турнејата заработила 31 милиони американски долари, што прави повеќе од 90 отсто од нејзиниот вкупен минатогодишен приход од 34,6 милиони долари.Мадона, којашто исто така на првото место на оваа листа беше и во 2008 година, е единствената жена во топ десет музичките ѕвезди според заработката изминатата година. Второто место го зазема Брус Спрингстин со 33,4 милиони долари, а третото Роџер Вејтерс, поранешниот член на легендарните Pink Floyd со заработка од 21 милион долари, по кого следат групата Van Halen и американската кантри ѕвезда Кени Чесни.И во оваа прилика се потврди дека водечките места на листата на заработките ги носат долготрајните  концертните турнеи. Магазинот забележува дека во просек 85 отсто од заработувачката на музичарите од првите десет, дошле од концертите.
МакфаксАмериканската поп ѕвезда Мадона најмногу заработила во музичката индустрија минатата 2012 година, а за тоа најмн

loading...