Мажите велат „Те сакам” на 88-от ден од врската

Loading...

Мажите велат „Те сакам” на 88-от ден од почетокот на врската, додека жените имаат потреба од 134 дена за да ја изразат љубовта кон партнерот, покажува истражување спроведено од YouGov.

Околу 39 отсто од претставниците на посилниот пол велат „Те сакам” уште во првиот месец на врската, додека истото го прават 23% од жените. Освен тоа, 33 отсто од мажите се сретнале со семејството на партнерката уште во првиот месец по почетокот на врската, наспроти 25% од жените.
Претставниците на посилниот пол, исто така побрзо стануваат подготвени за сериозно поврзување, односно 33% од учесниците во истражувањето на YouGov изјавиле дека почнале да живеат со својата сакана уште во првиот месец. Спротивно на стереотипите дека мажите поретко паметат клучни датуми од врската, 77% од учесниците во анкетата изјавиле дека се сеќаваат кога рекле „Те сакам” за прв пат.
Само 5 отсто од претставниците на посилниот пол не можат да се сетат кога за прв пат се фатиле со партнерката за рака. Анкетата покажа дека младите луѓе на возраст меѓу 18 и 24 години се претпазливи во однос на очекувањата. Тие најбавно се решаваат да се држат за раце и да се бакнат за прв пат. Но, тие најбрзо од сите возрасни групи се определуваат за сериозна врска – 39% се сметаат за такви уште по првата недела од врската.
58% од мажите и жените признаваат дека имале секс за прв пат во рамките на првите три месеци од врската, а 43% од мажите и 36% од жените велат дека тоа го направиле уште во првиот месец.
Мажите побрзо се решаваат на долготрајна врска, односно 37% од учесниците изјавиле дека се ожениле или свршиле со партнерката во рок од 12 месеци.
 
Мажите велат „Те сакам” на 88-от ден од почетокот на врската, додека жените имаат потреб

loading...