Мажите признаа зашто изневеруваат

Loading...

Мажите изневеруваат поради емотивната неусогласеност, но и затоа што се огледуваат на пријателите.
Една неодамнешна студија во која учествувале 200 мажи во брак, покажала дека освен „лошите момци“, во вакво искушение можат да паднат и примерните сопрузи.
48 отсто мажи изневеруваат поради емотивна неусогласеност. Тие како причина за неверството ја навеле емотивната нерамнотежа која ја чувствуваат дома, но и хармонијата која ја чувствуваат со љубовницата.
66 отсто од мажите изјавиле дека зажалиле штом направиле прељуба, но признале дека грижата на совест не е доволна да ги сопре и понатаму да го прават тоа.
Кога тоа ќе го направи нивниот најдобар пријател, тогаш таквото нешто е сосема легитимно. Па така, 77 отсто од мажите се огледуваат на своите пријатели.
Дури 69 отсто неверни мажи биле убедени дека вакво нешто на нив не може да им се случи, но влетале во замката на почитување и воодушевување кои кон нив ги покажувале други жени.
8 отсто од мажите изневерувале поради лошиот сексуален живот во бракот, а 12 отсто признале дека жените со кои се зближиле не биле ниту поубави, ниту помлади од нивните сопруги.Мажите изневеруваат поради емотивната неусогласеност, но и затоа што се огледуваат на пријателите.

loading...