Маж и жена тепале комшиско куче што им заклало 15 кокошки, добија кривична за мачење животни

Повозрасна брачна двојка од Куманово доби кривична пријава за мачење животни, откако го тепале кучето на нивниот сосед, кое им заклало 15 кокошки во шталата во кумановското село Љубодраг, соопшти полицијата.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.М.(66) и М.М.(61), двајцата од с. Љубодраг, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”.
„Пријавените, на 24.01.2023 во с.Љубодраг со тврди предмети го удирале кучето на нивниот сосед Д.Н., откако влегло во нивна штала и усмртило 15 нивни кокошки“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.