Маж случајно се заклучил во фрижидер на пекара во Њујорк: Пронајден е замрзнат, остави зад себе 5 деца

Истрагата е во тек, иако полицијата верува дека се работи за несреќен случај

Маж од Мали, кој по грешка се заклучил во фрижидер на пекара во Њујорк, бил пронајден мртов пет часа подоцна.

Маж случајно се заклучил во фрижидер на пекара во Њујорк: Пронајден е замрзнат, остави зад себе 5 деца

Американските медиуми јавуваат дека 33-годишен маж го чистел фрижидерот, а потоа случајно се заклучил во него околу три часот наутро.

Според нив, жртвата зад себе оставила сопруга и пет деца.

Неговиот колега на новинарите им рекол дека се вработил во пекарата пред три месеци, пишува Sky news.

Многу сме тажни поради смртта на нашиот колега. Го известивме семејството и сакаме да изразиме сочувство до семејството и пријателите – изјави директорот на пекарата каде се случи несреќата.

Истрагата е во тек, иако полицијата верува дека се работи за несреќен случај.

Во тек е обдукција, по што ќе се знае точната причина за смртта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.