Маж уапсен во Германија затоа што со сопствената крв цртал свастики на згради и автомобили

Германската полиција уапси 31-годишен Романец осомничен дека ја користел сопствената крв за да наслика свастики на десетици автомобили, поштенски сандачиња и фасади на згради во германскиот град Ханау.

Полицијата добила пријава за свастика напишана со црвеникава течност на хаубата на паркиран автомобил, по што полициската патрола открила дека уште 50 автомобили биле оштетени на ист начин, објавува АП. Полициската форензика утврдила дека осомничениот ја користел сопствената крв за да ги наслика свастиките.

Прикажувањето нацистички симболи е кривично дело во Германија. „Осомничениот бил силно пијан, а неговиот мотив бил многу личен и поврзан со работата. Тој едноставно се расплакал“, изјавил портпаролот на полицијата Томас Лајполд.

Пронајдете не на следниве мрежи: