Маж (64) и жена (63) од Македонија враќале километражи на половни автомобили во Австрија и ги препродавале

Австриската полиција влегла во трага на брачен пар од Македонија на возраст од 64 и 63 години кои нашле профитабилен бизнис модел во намалувањето на бројот на поминати километри на половни автомобили.

На почетокот на април, полицаец запрел возило при рутинска сообраќајна контрола. Возачот, по потекло од Македонија, направил повеќе прекршоци, а налепницата од техничкиот преглед на возилото била лажна.

Полицијата истражувала малку подлабоко и набрзо открила дека возачот продал осум користени автомобили со манипулирана километража.

Како што пренесува heute.at, брачните партнери ја вратиле километражата на едно Ауди за цели 200.000 километри. Двајцата најчесто тргувале со возила Ауди и Шкода.

Според полицијата, најмалата забележана манипулација со километражата била 60.000 километри.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.