Макало со праз и компири

Loading...

500 г праз
500 г варени лупени компири
5-6 варени суви пиперки
магдонос
3 чешниња лук
масло и сол по вкус
Празот ситно го сечкаме, го посолуваме и го толчиме.
На пиперките им ги вадиме рачките и семките, и во друг сад ги толчиме со исечениот лук.
Во трет сад ги гмечиме компирите, и ги соединуваме со празот и пиперките. Посолуваме и непрекинато мешајќи додаваме масло по желба, односно колку што ќе впие компирот.
На крајот го додаваме исечениот магдонос и го промешуваме макалото.

loading...