Македонец од Австралија: Доста се удиравте во гради дека сте патриоти, ние од тука повеќе си ја сакаме Македонија (РЕОБЈАВЕНО ОД 2018)

Некои работи во нашето општество не се менуваат. Имаат константа, негативна. Овој текст од 2018та што сега го преобјавуваме прилично пластично ги доближува сите наши загубени битки. Понекогаш е доволно само да се оддалечиме малку со друг фокус и да видиме појасно… Веднаш станува јасно дека секогаш се протестира заради политички поени и ништо повеќе…

Доста се удиравте во гради дека сте Македонци. Покажавте дека сте нација без чест и достоинство, дека оние кои ја напуштивме Македонија повеќе си го сакаме нашето родно место, отколку Вас кои живеете токму на истото.

Зошто го велам тоа? Па јасно е. Дозволивте промена на име, не се кренавте машки, велите дека ве боли, дека е неправда, се повикувате на комити и војводи, но факт е дека сте далеку од нив и нивните активности.


Цело време сретнувам овде мои сограѓани кои ми велат дека ги боли, а шестмина од моите пријатели заминаа во Македонија со цел да ги разубедат своите роднини и пријатели да бидат цврсти во својата одлука да се зачува името Република Македонија.

Македонскиот горд народ кој не смееше да дозволи именување на името на својата татковина дозволи промена на име. Тоа сега и фактички се случува, а на улиците наместо реки од граѓани, гледам неколку стотина од над 2 милиони граѓани. Па тоа е срамота! Па тоа е брука!
Еве, ги гледам и едните и другите. Од една страна Јанко Бачев и компанија, од друга ВМРО. Да бевме нормална држава, ќе соберевте повеќе народ, ќе потечеа реки од граѓани по улиците, додека Вие си се тешите со вашето најтесно партиско раководство!

Немојте, не се трудете бадијала да поентирате на сметка на името. Народот сепак, за жал, жртвата со години, својата мака и пот реши да го стави пред историјата и своето. Затоа не се удирајте во гради дека сте големи патриоти, бидејќи ние што живееме во странство докажавме дека повеќе ја сакаме нашата татквоина.

Да, ќе речете ама ВИЕ заминавте и немате право да зборувате за Македонија, без притоа да размислите колку многу пари имаме инвестирано во Република Македонија. Но и колку инвестираме.
Ние повеќе си ја сакаме државата, бидејќи на референдумот токму тука во Австралија доживеаа дебакл, овде покажавме дека сме свои на своето иако сме илјадници километри од нашата Република Македонија!

Или реки по улиците или не заслужуваме држава! Тоа е она кое мора да се напомене, тоа мора да се оствари.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.