Македонец почина во Малта се собираат пари за транспорт на телото

Loading...

Македонската заедница во Малта и на социјалните мрежи во Македонија се организираат групи за помош на македонско семејство чиј близок почина во Малта. Завчера Зоран Велјановски (64) од Тетово починал во Малта каде бил на привремена работа. Тој починал од срцев удар, а сега семејството се соочува со потреба од помош за Зоран да биде донесен во Тетово и погребан.
-За пренесување на телото се потребни средства од околу четири илјади евра што нашето семејство ги нема веднаш да ги обезбеди. Апелирам хуманите граѓани доколку се во можност да донираат средства, информира неговата ќерка Маја Исовска.
Трансакциска сметка на Маја Исовска е во Халк банка со бројот 270-7000342500.67.

loading...