Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

На 23 октомври 1893. година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун се собрале Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев кога бил формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.
Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903. и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.
По повод одбележувањето на празникот владина делегација предводена од министерот без ресор за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски, а во состав Диме Велковски и Жаклина Пешевска, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.