Македонија до 2030 година да го намали количеството на отпад и да се вклучи во системот на циркуларна економија

Loading...

Европската комисија минатата година во март донесе нов Акционен план има за цел европската економија да ја прилагоди кон зелената иднина, притоа унапредувајќи ја нејзината конкурентност, а истовремено и да ја зачува животната средина и да обезбеди нови права на потрошувачите. Комисијата ќе предложи ревизија на законот за потрошувачи на ЕУ со што би се обезбедило тие да добијат веродостојни и релевантни информации за производите на продажните места, вклучувајќи го и нивниот животен век, како и достапност на услугите за поправка, резервни делови и прирачници за поправка.

– Акциониот план особено дава насоки за отпадот чија што количина и покрај сите напори на ниво на ЕУ, како и на национален план, не се намалува. Годишното создавање на отпад од севкупните активности на ЕУ е во висина од 2,5 милијарди тони, поточно 5 тони по глава на жител, додека секој граѓанин во просек произведува речиси пола тон комунален отпад. Законите на ЕУ од 1970-тите години поврзани со отпадот доведоа до значајни подобрувања во управување со отпадот. Затоа, потребно е постојано да се модернизираат со цел да се вклопат во циркуларната економија и новото дигитално време. Акциониот план предлага ревизија на ЕУ законодавството во врска со батериите, амбалажата, отпадните возила, како и опасните супстанци во електронската опрема, со цел да се спречи создавањето на отпад, да се зголеми количината на рециклиран материјал, да се промовира сигурен и чист проток на отпадот, обезбедувајќи висококвалитетно рециклирање. Сето ова од наведеното е со цел до 2030-тата година да се намали вкупното создавање на отпад и да се преполови количината на преостанатиот (не-рециклиран) комунален отпад, појаснуваат од здружението „Еко-свест“.

Според нив главната цел е овој Акционен  да ја поддржи глобалната транзиција кон циркуларна економија и пред се на меѓународно ниво да се постигне глобален договор за пластика но и да се дефинира  „сигурен оперативен простор“ за употребата на природни ресурси.

Како што наведува Акциониот план ќе биде потребно усогласување и соработка на сите засегнати страни на сите нивоа – ЕУ, национално, регионално, локално и меѓународно. Со тоа Комисијата ги повикува институциите и телата на ЕУ да го прифатат овој Акционен план и активно да допринесат за неговата примена, и ги охрабрува државите членки да ги усвојат или ажурираат своите национални стратегии, планови и мерки за циркуларна економија.

Еко-Свест го спроведува проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“ финансиран од Европската Унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...