Македонија е растргната!

Наташа Котлар нашиот еминентен историчар денеска објави мошне битно четиво во свој статус на Фејсбук. Го пренесуваме во целост поради актуелноста на моментот:
Ем старо, ем актуелно: „Порано Македонија беше растргнувана помеѓу четири или пет странски пропаганди: српска, влашка, грчка…, сите со двоен карактер, националистички и религиозен, барајќи припојување кон Грција, Бугарија или Србија…, потпирајќи се на српската, грчката или на бугарската црква. Овие црковни национализми денес и го отстапија местото на една федералистичка и револуционерна организација која би сакала да се потпре единствено на староседелскиот елемент; таа бара пристоен живот за Македонија и за Македонците, а при непостоење на политички права и привилегии, бара барем административни реформи и посебна влада. (Виктор Берар, 1904 г., La turquie et l’hellénisme contemporain, La Macédoine)
За жал она што било актуелно во 1904 е актуелно и денеска…